Рецепт: Екстра колач од стар леб и јаболка

Мафини од стар леб и јаболка се подготвува за половина час.

Состојки
• 1,5 крг ситно сецкан стар леб
• 3 јајца
• 8 до 10 ситно сецкани карамели бомбони
• 1 поголемо јаболко сецкано на ситни коцки
• 375 мл. до 400 мл. млеко
• 1 ванила
• 80 гр. шеќер
• 2 до3 лажици путер

Подготовка:
Во поголем сад изматете ги јајцата, шеќерот, ванилата и млекото и оставете ги настрана. Во друг сад ставете го лебот исецкан на ситни коцки, сосе корката од лебот, и ставете го и него на страна..

Карамелите исто така исечете ги многу ситно. Јаболкото излупете го но не целосно, оставете малку од нејзината лушпа, а потоа и неа исечете ја на ситни коцки

Откога се е подготвено односно сите состојки се исецкани на коцки истурете ги во млекото и добро соединетет го лебот со млекото, во случај лебот да не го упива доволно млекото, додадете уште малку млеко, или обратно додадате уште малку исецкан стар леб.

Вака подготвената смеса ја истурате во модлици за мафини до една третина од модлицата која предходно е подмачкана со путре и тоа доста добро бидејќи смесата е доста леплива.

Се печат во загреана рерна на 175 степени околу 20-25 минути додека благото не зарумени на површина.

Се вадат внимателно, се редат во сад и по желба се посипуваат со прав шеќер или јаворов сируп...

Најнови вести

Коментари