Рецепт: Две состојки кои тестото за палачинки ќе ги направи совршени

Состојки:

1 јајце
150 гр.брашно
треитина од лажиче сода бикарбона
половина шоља жешка вода
1 шоља кисело млеко
тртина од лажиче сол
третина од лажиче шеќер
1 лажица масло

Подготовка:
Јајцето добро изматете го, со постојано мешање додадете го киселото млеко, маслото, сол, шеќер и брашно. Треба да добиете глатка смеса.
Сода бикарбона растворена во жешката вода, која постепено ја додавате во смесата со што треба да добиете средно густа смеса. Оставете ја да стои околу пет минути.
Почнете да ги печете палачинките во загреано тефлонско тавче кое малку го подмачкувате со масло или путер.

Најнови вести

Коментари