Рецепт: Чоколадни бакнежи

Ако вие мислите дека чоколадо никогаш не е доволно, овој колач е токму за вас.
Многу чоколадо и останатите благородни состојки во овие количини гарантираат уживање.

Состојки:
400 гр. чоколадо за готвење
120 гр. шеќер
50 гр, брашно
50 гр. путер
50 гр. сецкани ореви
2 јајца
2 ванилин шеќер
½ лажиче пециво
малку сол

Подготовка:
Стопете го чоколадото и путерот на тивок огон. Со миксер изматете ги јајцата шеќерот и ванилата
Во јајцата и шеќерот додадете го стопеното чоколадо, брашното измешајте го со пецивото, солта и сецканите ореви. Сето тоа добро се меша, масата да стане хомогена. Во тава ставете масна хартија или едноставно подмачкајте ја со путер или зејтин попрскана со малку брашно да не се залепи смесата, и со лажиче со големина на орев од смесата ставете во тавата. Во загреана рерна на 180 степени ставете ги колачите да се печат околу десет минути.

Кога ќе се испечат колачите, извадетеги и оставете ги да во тавата малку да се исушат да станат крцкави.

Најнови вести

Коментари