logo
logo
logo

Пуслици со фил од калинка

Vecer | 25.11.2021

Пуслици со фил од калинка

Пуслиците се едни од омилените божиќни колачи. Оваа неодолива и совршено крцкава закуска е убав десерт, а со оглед на тоа што се неверојатно убави тие се и вистинска декорација на масата (доколку траат толку долго).

Состојки:

5 белки

- прстофат сол

- 250 гр шеќер во прав

- 1/2 лажичка прашок за пециво

- лажичка екстракт од ванила

- 2 лажички сок од калинка

- 3 лажици џем од калинка

Подготовка:

Матете ги белките со прстофат сол на најголема брзина. Во цврстиот снег постепено додавајте шеќер во прав, прашок за пециво и ванила.

Додадете го сокот од калинка во веќе изматениот шлаг од белки. Обложете го листот за печење со хартија за печење и истиснете ги пуслиците со готварски шприц со ѕвездест отвор.

Исушете ги во рерна на 120 ° C, околу час и половина, со половина отворена врата или со вклучен вентилатор. Спојувајте по две пуслици со малку премачкан џем.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk