logo
logo
logo

Проверен рецепт: КОЛАЧ СО КАКАО, нема кој ќе го одбие

Vecer | 26.02.2022

Проверен рецепт: КОЛАЧ СО КАКАО, нема кој ќе го одбие

Потребни состојки:

3 јајца,

150 г шеќер,

1 кесичка ванилин шеќер,

200 мл млеко,

200 мл масло,

15 супени лажици брашно,

1 кесичка прашок за печиво,

2 супени лажици какао во прав,

малку путер за намастување на плехот

За сируп (ладен колач се прелива со врел крем):

400 мл вода,

2 супени лажици какао,

4 супени лажици шеќер

ореви по потреба за декорација,

200 мл слатка павлака

150 г темно чоколадо

Начин на подготовка:

Во подлабок сад скршете три јајца, додајте 150 г шеќер и една кесичка ванилин шеќер (10 г), па пенасто изматете со миксер околу 5 минути додека шеќерот да се растопи, а јајцата да се згуснат и да се добие светла кремаста смеса.

Додека непрекинато матите, додајте една чаша масло за готвење (200 мл) и една чаша млеко (200 мл) и матете со миксерот уште минута-две додека да се изедначат состојките. Потоа во смесата додајте просеана мешавина од суви состојки: 15 супени лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г) и 2 супени лажици какао во прав.

На крајот, состојките промешајте ги со жица маталка или лажица шпатула. Мешајте додека смесата да се изедначи и стане хомогена без грутки. Потоа калапот во кој ќе го печете колачот намастете го убаво со путер или маргарин на дното и на страните. Изберете некој со средна големина. Распоредете ја смесата, израмнете и малку протресете го садот, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25 минути. Оставете го настрана убаво да се олади, а потоа избоцкајте го за полесно да го впие преливот.

Во помало тенџере на оган ставете 400 мл вода, 2 супени лажици какао во прав и 4 супени лажици шеќер за да подготвите прелив.

Изматете со жица маталка додека убаво се растопи какаото, без грутчиња, па од моментот на зовривање оставете да се готви 1 минута со непрекинато мешање. Изладениот колач прелијте го врелиот сируп, па оставете го настрана додека да се олади и да ја впие течноста. Потоа одозгора наросете малку сечкани ореви или лешници по желба и пригответе ја глазурата.

За глазурата, на тивок оган загрејте ја слатката павлака и додајте 150 г чоколадо искршено на коцки. Внимавајте да не ви зоврие зашто ќе го промени вкусот и нема да биде толку вкусно. Мешајте додека чоколадото да се растопи и изедначи, па прелијте го колачот. Оставете да се олади еден час, па сечете и послужете.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk