Природен лек кој ќе ви го спаси животот

Црниот дроб е најголемиот орган на човечкото тело и неговото здравје ја дефинира општата состојба, виталност и енергичност.

Тој има околу 500 функции – преработува 90% од хранливите материи, ја трансформира храната во енергија, ја складира, вади минерали, витамини, јаглехидрати и масни киселини од крвта и ги конвертира во корисни материи, ги отстранува бактериите и отровите од крвта, игра клучна улога за имунолошкиот систем.

Нездравата храна, загадената животна средина, уморот и стресот го преоптоваруваат црниот дроб, што доведува до намалена способност да ги исфрла акумулираните штетни материи. Есента е една од најсоодветните сезони за детоксикација. Резултатите се подобрување на варењето, зголемено чувство за емоционално и физичко здравје, вдлабнат имунолошки систем.

За таа цел се препорачува да го прочистите црниот дроб со чај од глуварче – 2 лажици од коренот варете го околу 5 минути во половина литар вода. Исцедете го чајот и распоредете го на 3 порции. Пијте по една лажица, половина час пред оброкот секој ден во текот на еден месец. Може да си приготвите и комбинирате чај од корени на глуварчето, цикорија и коприва. Измешајте еднакви делови од трите билки. 2 лажици од добиениот микс варете во половина литар вода 5 минути. Потоа оставете да отстои 20 минути и прецедете. Поделете ја напивката на 3 дела и пијте пред оброкот наутро, напладне и навечер.

Свежо исцеден сок од цвекло исто така ги чисти токсините од црниот дроб, жолчното кесе и слезината. Започнете со 50 мл во комбинација со 250 мл сок од моркови. Постепено количината на цвеклото се зголемува до 150 ml.

Поврзани

Најнови вести

Коментари