logo
logo
logo

Превкусен и крцкав ШВЕДСКИ ЛЕБ

Vecer | 04.11.2022

Превкусен и крцкав ШВЕДСКИ ЛЕБ

„Шведскиот леб“ е едноставен скандинавски деликатес кој во последно време добива се поголема ширум светот, но овој крцкав леб е всушност добро чувана норвешка тајна под вистинското име knekkebrød.

Норвешкиот појадок и ручек никогаш не се комплетни без парче од овој леб или една од варијациите на knekkebrød. Овие „крцкави лебови“, кои се рамни и суви, а наликуваат на крекер, веројатно, потекнуваат од Скандинавија од пред речиси 500 години.

Потеклото на „шведскиот леб“

Некои извори велат дека лебот со кора бил главен производ на Викинзите бидејќи можеле да го чуваат долго време. Овие крцкави лебови се печеле на врели камења, додека денешниот knekkebrød се пече во рерна. Печењето во рерна е она што ги прави овие кори лебови толку различни од норвешкиот flatbrød, кој се пече на рамна решетка, слично на lefse.

Некогаш се сметал за исхрана на сиромашните луѓе, денес knekkebrød стана широко популарен и може да се смести меѓу здравите деликатеси, со бројни варијации од благо и слатко до оние со јаткасти плодови, растителни и солени. Лесно се прават сите и бараат само неколку состојки, кои може да се сменат во зависност од тоа што имате на располагање во вашата кујна.

Сè што навистина ви треба е малку имагинација и вода.

„Шведскиот леб“ оригинално се прави без пченица и е вегански, а можете да му дадете дополнителен шмек и да пробате во основното тесто да додадете семки богати со хранливи материи како сончоглед, тиква, сусам и лен додека ги апсорбирате сите влакна и хранливи материи од овесот, 'ржаното брашно и овесните трици.

 

Овие крцкави лебови се без јаткасти плодови и доаѓаат со кратка и чиста листа на состојки. Затоа подгответе се бидејќи ова нордиско уживање би можело да стане главен производ во вашиот дом, а ние ви подготвивме неколку варијации на рецепти кои сигурно ќе ви помогнат да внесете разновидност во вашата секојдневна исхрана со оваа здрава храна.

Потребни состојки:

250 мл млака вода

1 лажичка сол

1 кесичка (10 г) сув квасец

2 лажици семки од ким

120 мл матеница или кефир

250 г 'ржано брашно

225 г интегрално брашно од спелта

40 до 50 г ленено семе

1 лажичка крупна морска сол

Начин на приготвување: Доколку немате матеница и не сте купиле кефир, оваа состојка можете сами да ја направите. Измерете 120 мл млеко и додадете 1 лажица сок од лимон. Промешајте и оставете да отстои 15 до 20 минути за малку да се згусне.

Измерете млака вода во сад. Во водата додајте го квасецот и семките од ким, доколку ги користите, и оставете околу 10 минути за да се запени квасецот. Посебно во друг сад измешајте 'ржано и брашно од спелта, па во водата додадете дел од брашното. Потоа додадете матеница или кефир. Измешајте, посолете, па повторно добро измешајте. Продолжете со додавање на преостанатата количина брашно. Прво измешајте со миксер, па тестото префрлете го на лесно набрашнета површина и продолжете со месење со минимално додавање брашно.

Тестото поделете го на 12 топчиња, по малку обликувајте ги, па наредете ги на набрашнета површина. Покријте со крпа и оставете 1 час тестото да стаса.

Вклучете ја рерната на 200С. Подгответе 12 листови хартија за печење (може и помалку, па можете да го извадите секој лист за печење од хартијата и да го употребите повторно). Набрашнете го парчето хартија за печење, ставете ја добиената топка од тестото и внимателно расукајте ја со сукало.

Додадете 'ржано брашно по потреба бидејќи тестото е прилично лепливо. Кога топката малку ќе се израмни, посипете со ленено семе и крупна морска сол, а потоа продолжете со израмнување. Важно е да се добие што е можно потенка површина. Развиеното тесто избоцкајте го со виљушка, па ставете го во загреана рерна да се пече 8 до 10 минути.

Повремено проверувајте. Ако не е доволно печено, нема да биде убаво и крцкаво. Додека се пече едната плочка, подгответе ја следната, на нов лист хартија.

Печените крцкави плочки оставете ги да се изладат, кршете ги по желба и послужете со малку намаз или салата.

Овој рецепт можете да го промените со додавање леб и семки од сончоглед, лен или тиква, важно е само основата на 'ржаното брашно да остане иста, а, исто така, некои рецепти советуваат да додадете еден прашок за печиво во смесата наместо да користите квасец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk