Подготовката е важна. Компирите треба претходно добро да се зачинат и да се печат на највисока температура, односно додека не добијат убава златнокафеава боја, но еден додаток ќе им даде посебна крцкавост, тоа е палентата.

Потребни состојки:

  • 1 кг компири
  • 3 лажици палента
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 лажица сув зачин
  • бибер, малку сол
  • 2 лажици масло
  • гранчиња свеж рузмарин

Начин на приготвување: Излупете ги компирите, измијте ги и исечете ги на подебели парчиња. Исушете ги со крпа и префрлете ги во поголем сад. Додадете сув зачин, црвен пипер, бибер, сол, масло и палента. Измешајте ги компирите со раце за да се залепат сите состојки рамномерно. Префрлете ги компирите во плех обложен со хартија за печење и додадете гранче рузмарин.

Печете во загреана рерна на 250 степени помеѓу 30 минути и еден час, во зависност од тоа каква рерна имате. Кога компирот ќе добие убава златнокафеава кора, подготвен е за сервирање.