logo
logo
logo

ПОСНИ суви полнети пиперки

Vecer | 08.12.2021

ПОСНИ суви полнети пиперки

Домаќинките за време на постот често се во дилема што да подготват за ручек, а притоа да биде вкусен и да заситува. Полни пиперки, без разлика дали се свежи или суви, се одличен избор за време на постот, бидејќи подеднакво се вкусни и со месо и без.

Ова е рецепт со прецизни мерки, кој никако не може да пропадне, па и почетниците во кујната можат да го подготват како таков.

Потребни состојки:

  • 10 суви пиперки
  • 2 главици кромид
  • 60 г ориз
  • 2 средни компира
  • 2 поголеми моркова
  • 1 китка магдонос
  • 2 чешниња лук
  • масло
  • сол, бибер
  • зачини по вкус
  • 2 лажици мелени ореви
  • 100 мл сок од домати

Состојки за запршката:

  • 100 мл масло
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица зачинска пиперка

Начин на приготвување: Пиперките потопете ги во врела вода и оставете ги да стојат 10 минути. Морковите и компирот изрендајте ги крупно, а кромидот и лукот ситно исечкајте ги. Оризот добро измијте го во неколку води. Во длабока тава загрејте го маслото, па ставете го кромидот да се динста. Кога кромидот ќе омекне, додадете ги морковот, оризот и компирот и сè заедно динстајте. По неколку минути додадете ги сите зачини, јаткастите плодови и лукот.

Мешајте додека се се соедини, па тргнете од огнот. Наполнете ги пиперките со мешавина од ориз и зеленчук. Намачкајте ја тавата во која ќе печете, па наредете ги пиперките хоризонтално и прелијте ги со сок од домати, па додајте вода за да се натопат пиперките. Печете ги во загреана рерна на 180 степени 40 минути.

Во меѓувреме подгответе ја запршката. Во тава загрејте го маслото, па додадете ги брашното и зачините. Кога се ќе се соедини, тргнете ја тавата од оган. По 30 минути извадете ги пиперките од рерна, а потоа прелијте ги со запршката и вратете ги во рерна уште 10 минути.

Подготвените пиперки посипете ги со сечкан магдонос и послужете ги топли со пире од компири и вашата омилена салата.

На здравје!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk