Потребни состојки:

  • 150 г брусница
  • 150 г суви кајсии
  • 50 г суво грозје
  • 100 г мед
  • 100 г мелени бадеми
  • 80 г мелени бисквити
  • лажичка цимет
  • сок од портокал, по желба

Начин на приготвување: Смелете го сувото овошје, додајте мед, цимет, бисквити и бадеми. Измешајте, па од добиената смеса обликувајте бомбици и ставете ги во калап. Оставете ги во фрижидер за да се стегнат.