Посна супа со зеленчук

Се ближи Велики петок, па затоа на време осмислете што ќе ручате, односно подгответе го менито во кое ќе уживаат сите домашни. За вас подготвивме рецепт за супе со зеленчук, која може да се најде на трпезата.
Потребни состојки:
- 1 среден морков
- 5 см корен од магдонос
- 5 см корен од целер
- 2 см корен од ѓумбир
- 1/2 китка магдонос
- 1 л вода
- суви зачински билки
- бибер
- посна тестенина за супа
Начин на приготвување: Морковот, магдоносот, целерот и ѓумбирот исчистете ги и исечете ги на коцки. Во соодветен сад ставете го сечканиот зеленчук, налејте вода и оставете да се готви додека зеленчукот не омекне. Кога ќе омекне, додадете зачини по вкус и додадете ги тестенините и продолжете со варењето уште две-три минути. Супата тргнете ја од оган, додадете уште сечкан магдонос, поклопете и оставете да отстои пет минути, па послужете.