logo
logo
logo

Посна сарма

Vecer | 03.01.2022

Посна сарма

Потребни состојки:

  • листови од кисела зелка (1 поголема или неколку помали)
  • 200 мл масло
  • 4 лажици црвен пипер
  • црн пипер

За филот:

  • 500 г ориз
  • 1 лажиче сол
  • црн пипер
  • 300 мл масло

Начин на приготвување: Оризот, црниот пипер, солта, црвениот пипер и маслото се мешаат заедно. Се сечат листови од зелката на мали парчиња. Се става од филот по неколку зрна ориз и се виткаат, стегнуваат во рака да бидат цврсти. На дното од тенџерото се поставуваат листови од зелка и се редат, кога ќе се исполни првиот ред се потура со малку масло, црвен и црн пипер. Потоа се реди вториот дел и повторно се потура со масло, црвен и црн пипер. Се покрива со листови од зелка и се долева вода, се вари 3-4 саати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk