logo
logo
logo

ПОСНА ПАШТЕТА ОД ПЕЧУРКИ - вреди да се проба

Vecer | 06.04.2022

ПОСНА ПАШТЕТА ОД ПЕЧУРКИ - вреди да се проба

 

Паштетата од печурки е лесна за приготвување, а вие ќе бидете наградени со експлозија на автентични вкусови кои ги нема во купечките паштети.

Ова јадење е фантастичен предлог за мезе доколку наеднаш ви дојде друштвото. Намачкајте парчиња багет или крекери и ќе добиете совршена закуска.

Потребни состојки:

  • 400 г шампињони
  • 2 чешниња лук
  • 100 г ореви
  • 50 г посен мајонез
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 главица кромид
  • китка свеж магнодос
  • сок од половина лимон
  • малку свеж власец
  • сол и бибер

Начин на приготвување: Кромидот ситно се сечка, па се пржи на маслиново масло. Потоа додадете го издробениот лук и сечканите печурки. Кога водата од печурките ќе зоврие, тргнете од огнот и оставете да се излади. Во сува тава испечете ги оревите. Во блендер ставете ги печурките заедно со кромид, ореви, магдонос, сол, бибер, власец, сок од лимон и посен мајонез. Се иситнете и се оставете да се излади во фрижидер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk