logo
logo
logo

ПОСНА ЦАРСКА ПРОЈА: Превкусно предјадење

Vecer | 17.12.2021

ПОСНА ЦАРСКА ПРОЈА: Превкусно предјадење

Свети Микола е слава која се празнува во многу домови кај нас, и таа секогаш паѓа во пост. Домаќинките секогаш се во дилема што да стават на славската трпеза и да ја направат повкусна. Посни оброци има многу и сите се вкусни, здрави и доволни за чесно и мирно славење и постење.

Потребни состојки:

- 1 страк праз

- 2 кисели пиперки (од туршија),

- малку морков, свеж или кисел

- 2 чаши пченкарно брашно (шолја 200 мл)

- 2 чаши пченично брашно,

- рамна лажичка сол,

- 1 прашок за печиво,

- 150 мл масло,

- 250-300 мл минерална вода.

Начин на приготвување: Празот измијте го, исечкајте го и оставете да се крчка неколку минути. Додадете ја во него сечканата пиперка и морковот, промешајте и додадете малку вода по потреба (околу 30-50 мл). Додадете половина лажичка сол. Оставете да се динста уште 5 минути за да омекнат пиперките, па се трга од оган. Измешајте ги пченкарното и пченичното брашно, прашокот за печиво, па додадете го маслото, подготвената смеса од праз и минералната вода. Сè убаво соединете, па истурете во тавче подмачкано со масло. Печете 25-30 минути на 180 степени.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk