За оние кои знаат да уживаат во денот

Понекогаш, за среќа е доволна шоља чај

Иако повеќето ќе се сложат дека чајот е совршен да се конзумира во зимските денови, вистинските љубители на оваа чудотворна напивка подеднакво уживаат во неа и за време на летниот период, конзумирајќи го како ладен чај кој освежува.

Тука лежи и неговата предност: во зима не затоплува, а во лето разладува притоа балансирајќи го нашиот организам благодарејќи на моќните тревки скриени во неговата содржина.

Понекогаш шолјата топол чај значи утро релаксирано од секојдневните обврски, нашата комфорна зона, или гест на љубов после напорниот работен ден, или пак можеби само освежувачка напивка која ни ја враќа силата за време на напорните физички тренинзи. Луѓето се повеќе се интересираат за здравиот начин на исхрана па попладневното кафето често пати го заменуваат со чајот. Понекогаш вистинскиот избор на билките може да овозможи и темелна детоксикација на организмот, како што е на пример зелениот чај. Па така можеме да заклучиме дека тој е број еден пијалок кој можеме да го конзумираме со полна доверба во секој дел од денот и годината.

Но што го прави чајот толку посебен и вкусен? Како да го препознаеме неговиот висок квалитет за да уживањето го доведеме до ниво на совршено задоволство. Генерално квалитетот на чајот е детерминиран од неколу фактори: свежина на состојките, боја, ароматичност и вкус. Од изборот на билките и начинот и времетраењето на нивото сушење па се до внимателнотo пакување зависи каков ќе биде квалитетот на чајот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари