Потребни состојки:
– 1 кг лигњи
– 1 чаша варен ориз
– 2 главици кромид
– сечкан магдонос
– 1/2 чаша масло
– 3 зрели домати
– 1/3 чаша црно вино
– сол

Начин на приготвување: Лигњите исчистете ги, измијте, да останат само трупот и пипалата. На врело масло пропржете ги ситно сечканите пипала и кромид. Од доматите направете каша, додајте ситно сечкан магдонос, сол, црн пипер, ориз и малку вода. Варете додека течноста не испари и со смесата наполнете ги лигњите. Наредете во намрсен плех и намачкајте ги со масло. Печете околу еден час на умерена темература.

Добар апетит!