ПОЈАДОК ЗА МРЗЛИВИ: Кралски оброк кој се подготвува за неколку минути

Потребни состојки:
- 4 тортиљи
- 3 јајца
- сол
- бибер
- 100 г шунка
- 120 г кашкавал
- 1 домат
- путер за премачкување
Начин на приготвување: Намачкајте ја тавата со путер. Посолете ги јајцата и додадете бибер по вкус, па изматете. Истурете половина од јајцата во тавата. Одозгора ставете ја првата тортиља, наредете ја шунката и ренданото сирење, па тортиљата, доматот и сирењето. Следната тортиља, шунка, сирење и одозгора четвртата тортиља. Одозгора премачкајте го преостанатото јајце, покријте го и ставете го шпоретот на ниска температура. По пет минути се превртува и повторно се покрива, се пржи уште пет минути. Појадокот е подготвен.