logo
logo
logo

Појадок и вечера за слабеење: БРЗА ПИТА без брашно

Vecer | 13.10.2022

Појадок и вечера за слабеење: БРЗА ПИТА без брашно

Пита од овесни снегулки

Потребни состојки:

  • 100 г овесни снегулки
  • 4 јајца
  • 4 лажици маслиново масло
  • 10 лажици јогурт
  • 300 г ситно сирење
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • сол по потреба (во зависност од тоа колку е солено сирењето)

Начин на приготвување: Сомелете ги овесните негулки. Добро изматете ги јајцата, па додајте јогурт и масло, сирење и сол по потреба. Потоа измешајте ги мелените овесни снегулки со прашокот за печиво и додајте во оваа смеса. Добро измешајте и истурете во сад за печење претходно обложен со хартија за печење. По желба посипете ја питата со немелени снегулки или семки. Се пече во рерна загреана на 200 степени околу половина час.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk