Научете како да ги подготвите највкусните пржени млади компири
Полека започнува сезоната на млади компири и секоја домаќинка има свој рецепт и трикови за подготовка.
Еве како да го направите највкусниот нов компир досега.

Потребно е:
1 кг компири
1,5 l вода
1 лажичка сол

Подготовка:
Измијте и исечете килограм компири на половина. Прелијте ги со вода и додадете една лажичка сол, а кога водата ќе зоврие, варете 5-10 минути. Кога компирите ќе омекнат, исцедете ги од водата.

Во тава на незагреано масло пропржете компири. Не ги посолувајте компирите додека се пржат, туку само кога ќе се исцеди маснотијата.