Подгответе ексклузивно јадење дома: Шкампи во сос!

Шкампи подготвени во домашни услови далеку повкусни и поефтини

Во рестораните  прескапи, но дома подготвени повкусни и поевтини

Подготовка:

На крупно ренде се ренда црвен кромид, потоа се динста на маслиново масло на тивок огон. Откако ќе почне да добива златна боја, се додава сецкан лук и пире од домати.
Се додаваат шкампите, измешајте ги и сето тоа залеете го со бело вино. Се варат 20 минути покриени со капак на тивок огон. Се додава магдонос, мајчина душица, рузмарин и презла. Внинавајте да не претерате со презлата, да не се згусти премногу сосот.

Зачинете го со сол и бибер и оставете го да врие уште 5 минути.

Се служи топло со леб и ладно бело вино.

 

Состојки:

1кгр. шкампи
2 главици црвен кромид
4 чешниња лук
2 лажици пире од домати
50 грама бело вино
бибер
100 гр. маслиново масло
1 лажиче рузмарин
1 лажиче мајчина душица
1 рака сецкан магдонос
1 лажица презла

Поврзани

Најнови вести

Коментари