Плескавици од стар леб

Состојки:

200 гр. стар леб
300 гр. млеко
4 jajaца
малку масло
150 гр. шунка
сол и бибер
50 гр. сирење
2-3 кисели краставички
100 гр. брашно
100 гр. презла
пакетче сусам (може и мешано семе од лен , сончоглед и семки од тиква...)

Подготовка:

Лебот се потопува во млекото, добро потопе се цеди, му додава две јајца, на коцкички сецкана шунка и краставички, здробено сирење, малку сол и бибер и сето тоа добро се меша.

На страна, на масна хартија ставате брашно и презла, во сад ги матите останатите две јајца.

Од смесата формирате плескавици, ги валкате во брашно, па во јајцата а патоа во презла и сусам (или мешано семе) ги редете во подмачкан плех или на масна хартија. Ги печете околу 30 минути на 200 степени

 

Најнови вести

Коментари