logo
logo
logo

ПОСНИ ЈАДЕЊА

Плескавици од риба

Vecer | 13.03.2022

Плескавици од риба

Потребни состојки:

- 300 г туна

- 500 г ослич

- 200 г сардини

- 100 г сварен ориз

- 100 г лебни трошки

- 1 главичка ситно сечкан кромид

- 2 чешниња лук

- рендано морско оревче

- сол

- црн пипер

Начин на приготвување: Сварете го осличот и оставете да се излади. Потоа исчистете го и иситнете во блендер заедно со туната и сардините. Смесата истурете ја во друг сад и додајте ситно сечкан кромид и пасиран лук. Добиената смеса измешајте ја со сварениот и исцеден ориз и лебни трошки, па зачинете со рендано морско оревче и сол и црн пипер.

Се убаво измешајте и формирајте плескавици кои ќе ги пржите на малку загреано масло.

Послужете со варени компири или друг зеленчук по вкус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk