logo
logo
logo

Пита од јаворов сируп: Овој кремаст десерт со вкус на солен карамел ќе ве воодушеви

Vecer | 31.01.2023

Пита од јаворов сируп: Овој кремаст десерт со вкус на солен карамел ќе ве воодушеви

Ви снемуваат идеи за слатки изненадувања? Имаме одличен предлог - пита со јаворов сируп, чиј специфичен вкус на карамела веднаш ќе ве пренесе во друга димензија. Кремот од јајца со вкус на јаворов сируп е одличен фил - кремаст и сочен, а солта му дава посебна нота, особено ако на питата пред послужување додадете една лажичка цветна сол. Нешто како солена карамела, а сепак толку различно и посебно...

Состојки - за тестото:

1 и ½ шолја измешано мазно и остро брашно (сооднос 50:50), плус дополнително за набрашнување на површината

прстофат сол

1 лажица шеќер

½ шолја путер, ладен, исечен на коцки

1/8 шолја ладна вода

 | Autor: Instagram @maisonorphee

Состојки - за филот:

¼ шолја сенаменско брашно

1 и ¼ шолја темен јаворов сируп

½ шолја (125 g) растопен путер

½ шолја слатка или крема за готвење, на собна температура

½ шолја светло кафеав шеќер 3 големи јајца, на собна температура 1 и

½ лажичка екстракт од ванила

½ лажичка сол 1 лажичка цветна сол - со посипување пред сервирање

Состојки - за шлаг со вкус:

1 чаша слатка павлака или шлаг

¼ шолја јаворов шеќер (или 2 лажици јаворов сируп)

прстофат сол

Постапка:

Замесете тесто од сите состојки. Додадете вода лажица по лажица, по потреба. Тестото завиткајте го во пластична фолија и ставете го на ладно 2 часа, за добро да се стегне. Расукајте го тестото, тргнете дел на страна за да направите украси (листови), но и овој дел можете да го прескокнете. Загрејте ја рерната на 190 степени, а решетката ставете ја во средината на рерната.

Расуканото тесто ставете го во намрсен калап, со вилушка прободете го дното на тестото на неколку места. Ставете го тестото во калапот во замрзнувач 20 минути. На тестото ставете хартија за печење и врз него „тегови“ (грав или наут или ориз) и печете „на слепо“ (без полнење) околу 20 минути. Потоа извадете ја хартијата за печење и „теговите“ и печете уште 5-10 минути. Намалете ја температурата на рерната на 180 степени.

Во блендер додадете брашно, јаворов сируп, стопен путер, павлака, кафеав шеќер, јајца, екстракт од ванила и сол. Мешајте со голема брзина додека убаво не се соединат, околу 30 секунди. Истурете го филот во печената кора за пита, покријте ги рабовите од тестото со алуминиумска фолија за да не изгорат при печењето. Во овој момент, на дел од филот можете да ставите украсни листови тесто. Печете додека филот малку не се надува во средината и делумно се стегне, 40-50 минути.

За ароматизираниот шлаг, измешајте ги сите состојки околу 1 минута, додека не стане цврст. Непосредно пред послужување, посипете ја питата со цветна сол и послужете ја со ароматизиран шлаг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk