Подзаборавена пита за која не е потребно месење, едноставно што е потребно за нејзиното оформување е една лажица…

Состојки:

300 гр. млеко, еден сув квасец или пола коцка свеж квасец, едно лажиче шекер, две јајца, едно лажиче сол, брашно околу 490 гр.

Фил:

300 гр. ситно сирење или урда, 100 мл. млеко, едно јајце, малку сол и 200 грама павлака.

Подготовка:

Млекото со квасецот и шеќерот се мешаат, се додава малку брашно и две јајца се мешат, при тоа постепено се додава и останатото брашно така што тетстото да биде со густина како за уштипци

Добро подготвеното тесто се остава да втаса а за тоа време се подготвува филот:

Во сирењето се додава млеко, едно јајце, малку сол и павлака. Сето тоа добро се меша.

Од нараснатото тесто со намрсена лажица се вадат уштипци, се ставаат во филот а потоа истите се редат во тепсија или тава обложена со масна хартија или премачкана со маргарин.

Кога целото тавќе ќе биде исполнето со тестото, половина од останатиот фил се разлева по тестото колку да го покрие но не премногу. Се посипува со сусам и вака подготвено тестото се пече во загреа рерна на 180 степени околу 35-40 минути.

Додека е жешка питата се премачкува со малку путер да добие убав вкус.