Пилешки жилијен

 Потрбни состојки

пилешки шницли – 2 парчиња
кисели краставички – 2- 3
шунка – 200 г.
зденка – 3 парчиња
кашкавал – 100 – 150 г.
кисела павлака – 200 г.
маслец – 125 г.
сол – по вкус
бибер и пикантно – по вкус

Начин на подготовка

Пилешкото месо се сече на танки и долги ленти – жилијен. Во половина од малсецот се пржи месото во тавче, се додава бибер (пикантно луто) и сол.

Во друго тавче го загреваме преостанатиот маслец, се додаваат сецкани печурки, караставички и шунка (сечени во жилијен) и оставаме добро да се испржат.

Пилешкото месо се соединува со испржениот зеленчук, ги оставаме 3-4 минути да се пржат, потоа се додавата зденките се мешат додека не се стопат, и на крај се додава сецкан во ленти (жилијен) кашкавалот и павлака, се пржат додека добро ќе се соединат.

Се сервира топла.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари