Пицата е едно од омилените јадења на луѓето ширум светот, а освен што е брза и лесна за подготовка, навистина има неверојатен вкус. Доколку сте љубители на овој специјалитет и ако сакате и малку позачинети вкусови, навистина треба да пробате пица со кулен, а ние ви пренесуваме едноставен рецепт за тоа фантастично јадење.

За тестото:

– 400 г остро брашно
– 100 г меко брашно
– кесичка квасец
– една лажичка сол
– две лажици маслиново масло
– лажичка шеќер
– 350 мл вода

 

Pica

За филот:

– доматно пире
– 100 г гауда
– 100 г моцарела
– две или три чили пиперки
– 80 г кулен
– босилек, оригано

 

Начин на приготвување: Во топла вода разматете го квасецот со една лажичка шеќер и маслиново масло, па оставете го да проработи. Во поголем сад истурете ги двата вида брашно, посолете и измешајте. Потоа истурете го квасецот и замесете тесто. Оставете го на топло место да нарасне и тестото да се удвои, па замесете го и истенчете го со сукало. Префрлете се во намрсен и набрашнет плех, па покријте со доматното пире. Одозгора наредете ситно исечен кулен, рендана гауда, сечкана моцарела и чили, па зачинете со босилек и оригано. Се пече во рерна на 250 степени околу 10-15 минути.