logo
logo
logo

Пица БЕЗ БРАШНО, за денот да ви почне совршено

Vecer | 09.12.2021

Пица БЕЗ БРАШНО, за денот да ви почне совршено

Доколку сте љубители на тестото, ви носиме рецепт за најздравата можна варијанта. Бидејќи киноата има висока содржина на антиоксиданси и фалвоноиди кои делуваат против воспаленија и вирусни инфекции, таа е супер храна. Исто така, содржи многу повеќе растителни влакна од другите житарки, одличен извор е на протеини (во 100 грама содржи 4,5 г протеини), како и минерали - калиум, железо и магнезиум.

Големата предност е што не содржи глутен, па може да биде дел од исхраната на оние кои се алергични или го избегнуваат. Постојат многу начини да ја вклучите оваа житарка во вашата исхрана, а ова е еден од предлозите.

Потребни состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • 2 чаши пире од домати
  • 2 лажици балсамико оцет
  • 2 чаши сварена киноа
  • 2 чаши варено и сечкано пилешко
  • 3 чаши бебе спанаќ
  • 1 чаша преполовени чери домати
  • 1 чаша рендано сирење
  • зачини (сол, бибер, босилек )

Начин на приготвување: Во длабока тава на средна температура пропржете го лукот. Додадете пасирани домати, балсамико оцет и саканите зачини. Измешајте ја киноата и сечканото пилешко. Додадете го спанаќот и динстајте неколку минути додека зеленчукот не омекне. Тргнете од оган и посипете ги со доматите  и ренданото сирење. Покријте ја тавата и оставете сирењето да се растопи. Украсете со листови босилек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk