logo
logo
logo

Пекарски компир на поинаков начин: СОЧЕН ОБРОК

Vecer | 25.02.2022

Пекарски компир на поинаков начин: СОЧЕН ОБРОК

Компирите се една од омилените намирници на нашите простори, па на трпезата може да се најдат во сите форми. Освен како прилог, и специјалитетите од компири можат да бидат главно јадење.

Потребни состојки:

- 1 кг компири

- 150 г млад кајмак

- 200 мл млеко

- 3 јајца

- сол

- бибер

- власец

-зачини по вкус

Начин на приготвување:

Кајмакот изматете го со јајцата и млекото, па додајте ги зачините по вкус. Компирите се сечат на подебели кришки, па се редат во подмачкан сад во еден ред, се се зачинува, се додава вториот ред компири и така до крај.

Сè прелијте ја смесата со јајцата, покријте ја тавата со фолија и печете на 200 степени. По 45 минути извадете ја фолијата, посипете со кашкавал и оставете да се пече уште 15 минути.

Послужете топло со сезонска салата.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk