Печено свинско месо со печурки

Состојки:
Свинско филе - околу 800 грама
Готварска сол - 1 лажичка
Црн пипер (крупен) - ½ лажичка
Маслиново масло - 1 1/2 лажица
Печурки (исецкани) - 500 грама
Путер (растопен) - 3 лажици
Сол - 1 лажичка
Кромид (ситно исечкан) - 2 лажици
Лук (ситно исечкан) - 2 лажици
Зачини (естрагон или друг вид по желба) - 1 ½ лажички

 

Инструкции:
Чекор 1

Извадете го месото од фрижидер да отстои на собна температура 1 или 2 часа, а потоа напрскајте го од сите страни со сол и црн пипер и оставете го настрана.

 

Чекор 2
Кога ќе биде подготвено месото за печење, загрејте ја рерната на 220 степени. Во тава за пржење, на силен оган загрејте маслиново масло, а потоа ставете го месото во тавата. Пржете го околу 10 минути, додека не стане кафеаво од сите страни.

 

Чекор 3
Кога ќе биде доволно испржено месото (не ја чистете тавата за пржење), ставете го во тава за печење и печете го на 220 степени околу 20 минути или подолго доколку месото претходно не било доволно одмрзнато на собна температура. Употребете термометар за месо за да утврдите дали месото е доволно време печено. Извадете го од рерна, покријте го со фолија и оставете го така да отстои 15-20 минути.

 

Чекор 4
Во меѓувреме подгответе ги печурките. Ставете 3 лажици путер во истата тава за пржење во која претходно го пржевте месото. Додадете кромид и лук во тавата и пржете на среден оган помалку од една минута. Додадете ги печурките во тавата, сол, црн пипер и зачини (по желба). Продолжете со пржење додека печурките не се готови. Додадете неколку лажици топла вода доколку се залепат неколку печурки на тавата (бело вино исто така може да помогне). Тргнете од оган.

 

Чекор 5

Со остар нож исечете го месото на тенки парчиња и послужете со пржените печурки и некоја добра салата во прилог. Уживајте!

 

Најнови вести

Коментари