logo
logo
logo

Паштета од туна, ГОТОВА ЗА 2 МИНУТИ!

Vecer | 18.08.2022

Паштета од туна, ГОТОВА ЗА 2 МИНУТИ!

Направете домашна паштета од туна, која ќе биде подобра и поздрава од онаа од продавницата

Потребни состојки:

  • една лажица посен мајонез
  • лажица кечап
  • една лажичка сенф
  • две лажици маслиново масло
  • сол,
  • бибер
  • лажица оцет
  • конзерва туна на парчиња

 

Pašteta od tunjevine

Начин на приготвување: Во сад измешајте ги мајонезот, кечапот, сенфот, додадете и масло и оцет. Матете додека не добиете еднолична маса. Зачинете со сол и бибер.

Извадете ја туната од конзервата и исцедете го вишокот масло. Изгмечете ја рибата со виљушка и измешајте ја со смесата. Се убаво измешајте и оставете во фрижидер малку да се стегне. Послужете со интегрален леб и домати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk