logo
logo
logo

ПАЧА - традиционално јадење кое верниците го јадат за Богојавление

Vecer | 18.01.2022

ПАЧА - традиционално јадење кое верниците го јадат за Богојавление

Овој деликатес се приготвува на Крстовден, а се консумира утре. Иако Крстовден е ден за пост, денеска традиционално се приготвува пачата или пивтиите, кои се служат следниот ден, односно на 19 јануари, на Богојавление.

Потребни состојки:

  • 1 кг свински нозе
  • 1 кг телешки мускул
  • 1 мала главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1 ловоров лист
  • 3 зрна најгвирц (пимент)
  • 5-6 зрна црн бибер
  • 1 корен целер
  • 1 корен пашканат
  • 2 -3 тркалца лимон
  • по желб сол

Начин на приготвување: Месото и свинските нозе измијте ги и ставете ги во тенџере од 5 – 6 литри. Сипете ладна вода да се покрие и ставете да зоврие. Додека да зоврие цело време вадете ја пената која се создава, така пифтијата ќе ви остане бистра. Кога веќе не фрла пена, додајте ги сите останати состојки и на средно тивок оган покриено варете 4 – 5 часа. Готово е кога содржината во тенџерето се намалила за 1/3, до 1/2, а течноста е леплива. Ако не сте сигурни, 2 – 3 лажици ставете во мал сад и оставете во фрижидер. За кратко треба да се желатинизира.

Кога е сварено со решетка лашица извадете го месото на страна. Извадете го и зеленчукот. Низ ситно сито процедете ја супата во поширок не многу длабок сад. Нека се сталожи, па со лажица соберете ја цела маснотија од површината. Така одозгора  нема да ви има бели дамки. Уште еднаш процедете ја течноста низ истото сито, ама овој пат на ситото ставете и филтер хартија или една погруба хартиена салфетка. Вака пивтијата ќе ви биде кристално бистра. Досолете ако има потреба и додајте протиснат лук ако сакате. Извадете го месото од свинските нозе, додуша минимално го има, мускулот детално исчистете го од сите мембрани, жилички и `рскавици, па исечете го на парчиња. Распоредете го месото во еден или повеќе садови, според вашите потреби и прелејте го со течноста. Оставете да се стврдне во фрижидер. Послужете како предјадење.

На здравје!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk