Оваа салата одлично оди со скара, а се подготвува за миг

Сигурни сме дека денес имате планирано скара, а што може да оди подобро со печено месо од салата?! Се откажавме од салатата од зелка, сега предлагаме домати со млад кромид.
Состојки:
5 домати
врзоп млад кромид
парче тврдо сирење
малку сол
За преливот:
3 лажици масло
1 лажица сенф
Подготовка:
Доматот исечкајте го на кришки, исечкајте го младиот кромид. Се меша во сад, се додава рендано сирење и малку сол. Во помал сад измешајте ги маслото и сенфот, прелијте ја салатата, повторно измешајте и уживајте.