Ова нешто го подига чоколадото на едно сосема ново ниво!

Ги обожувате различните чоколадни кремови, но сепак мислите дека се премногу скапи? Се плашите за здравјето на вашите деца? Со овој рецепт нема да имате такви проблеми, а вкусот е фантастичен!

За многумина чоколадниот крем е омилен намаз, но сите ние сме свесни дека тој можеби и не е најздравиот десерт. Меѓутоа, овој крем којшто ви прегладаме да го направите сами е направен исклучиво од природни, проверени и здрави состојки и со сигурност ќе добие водечко место помеѓу вашите омилени слатки намази.

Состојки:

● 2 шолји сирови лешници
● 1.5 до 2 лажици кокосово масло
● 1 мала лажичка екстракт од ванила
● ½ шолја кокосов шеќер
● 1.5 лажици какао во прав
● ¼ до ½ мала лажичка еспресо прав
● ¼ мала лажичка морска сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 150 степени Целзиусови и печете ги лешниците околу 13 минути, така што нивната арома ќе стане значајно поинтензивна. Кога ќе се изладат, излупете ги и ставете ги во блендер и добро сомелете.

После 10-на минути додадете го кокосовото масло и продолжете да блендирате додека да добиете хомогена смеса.

Додадете ги останатите состојки и сето тоа добро изблендирајте го, па префрлете во стаклена тегла со капак.

Вака подготвениот крем чувајте го во фрижидер.

Поврзани

Најнови вести

Коментари