logo
logo
logo

Ова е оригиналниот ГЕРМАНСКИ БОЖИЌЕН КОЛАЧ

Vecer | 02.01.2022

Ова е оригиналниот ГЕРМАНСКИ БОЖИЌЕН КОЛАЧ

Божиќен германски колач со суво овошје, бадеми, ореви или лешници – Штолен – мек како памук и мирзлив како Божиќ. Фотографија и рецепт на Славица Распоповиќ – Божиќен германски колач – Stollen.

Штолен е германски традиционаленен божиќен колач, кој направи инвазија во целиот свет, па дури некои британски медиуми загрижено изјавија: “Германците ни го украдоа Божиќ”, бидејќи нивниот традиционален колач полека го заменија со германскиот.

Шегата на страна, несомнено е зошто и рецептот за овој колач сите ги освои: прекрасен е и со мирис и вкус, а има и долг рок на траење. Потребни состојки: 300 г суво овошје (користев суво грозје, брусница, помело и папаја), 100 мл рум или некој домашен ликер, 400-500 г брашно, 1/3 коцка свеж квасец или 1 кесичка сув,

Потоа, 50 г шеќер, 200 мл млеко, 1 ванилин шеќер, малку сол, 2 лажици зачин за медењаци (овојпат измешав ѓумбир во прав и цимет), 2 јајца, 175 г омекнат путер, 100 г мелен бадем или ореви, лешници, околу 50 г путер за премачкување на колачот кога ќе биде готов, шеќер во прав за наросување.

Постапка: Сувото грозје оставете го неколку часови натопено во румот додека да го впие и набубри. Доколку не го сакате вкусот на румот, тогаш закиснете го во сок од портокал. Ова најдобро е да се направи преку ноќ. Млекото загрејте го да биде млако, па во него додадете го квасецот и лажица шеќер, промешајте и оставете да се активира квасецот околу 10-тина минути.

Потоа додадете го просеаното брашно, остатокот од шеќерот и ванилата, прстофат сол, зачини по вкус (кардамом, ѕвездест анасон – мелен, или цимет и ѓумбир), јајцата и омекнат путер исечен на коцки. Добро измесете ја смесата машински околу 5 минути, а можете и рачно.

Се добива меко тесто кое треба да се покрие со проѕирна фолија и да се остави да стасува околу 1-2 часа додека убаво да ја удвои величината. На малку набрашнета површина истресете го тестото, со прстите развлечете го во правоаголна кора, па врз него распоредете го набубреното суво грозје, сечкани бадеми/лешници/ореви, сечкано друго кандирано овошје.

Потоа тестото само склопете го од сите страни и полека замесете го за да се измешаат состојките и да се распоредат во тестото. Обликувајте го колачот како векна (прво развлечете во правоаголна кора, па преклопете) и ставете го во плех претходно обложен со хартија за печење.

*Бонус: Тестото може да го развлечете во кора, врз него да ставите тенка кора од марципан и да го свиткате како ролат. Откако малку ќе стаса, ставете го да се пече во загреана рерна на максимум, но кога ќе се стави колачот, температурата се намалува на 180 степени додека да добие убава боја, околу 50 минути. Додека е топол целиот премачкајте го со путер и наросете го со шеќер во прав. Сечете го кога ќе излади.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk