Гравот е едно од најчестите и најомилените јадења кај нас – лесно се подготвува, хранлив е и здрав, а се подготвува и многу лесно. Сепак, рецептот што го користат монасите во Хиландар е навистина нешто посебно и дефинитивно треба да го пробате!

Светогорци за подготовка користат грав, вода, маслиново масло, кромид, домати, мелена пиперка, бибер, сол и суви зачини.

Начин на приготвување: Гравот исчистете го и измијте го, ставете го во тенџере и прелијте го со вода колку да го покрие гравот. Гответе на висока температура и внимавајте да не изгори. Додека гравот се вари, на маслиново масло пропржете неколку главици крупно исечкан кромид. Издинстајте го, па додадете ги сечканите домати, мелената пиперка и другите зачини. Со овој сос прелијте го сварениот грав, убаво измешајте, па ставете во загреана рерна малку да порумени. Печете додека одозгора не фати коричка.