Освежителен пијалак од ЛУБЕНИЦА

Лубеницата е совршен избор за освежување во текот на летото, а освен што можете да ја јадете изладена и свежа, од неа можете да приготвите и вкусен пијалак, и тоа од само четири состојки.
Потребни состојки:
- 600 грама лубеница
- 20 коцки мраз
- 2 лажици мед
- 1 лажица сок од лимета
Начин на приготвување: Лубеницата исчистете ја од семките и исечете ја на помали парчиња. Ставете ги парчињата лубеница во блендер и измешајте ги заедно со медот и сокот од лимета. Додадете коцки мраз и мешајте сè додека состојките не се соединат. Веднаш послужете.
На здравје!