Рецепт од Крит

Оригинално, грчко рижото со морски плодови

Едно од најомилените јадења на Македонците кои одат на одмор или викенди во Грција. А Грците знаат навистина добро да подготват рижото со морски плодови. Тајната на таа добро завршена работа не е голема, едноставно треба само добар рецепт и внимание при подготвувањето, а потоа следи награда - исклучително вкусно и здраво јадење кое ќе го обожувате. Подготовката не е сложена и долга но, затоа е долго задоволството.

Ви предлагаме и вие сами да го подготвите највкусното рижото со морски плодови!

Состојки:
150 гр ориз
1 морков
200 гр. готови морски плодови (одберете комбинација која вам ви одговара)
1 главица кромид
маслиново масло
сол
бибер
магдонос
3 чешниња лук
100 мл бело вино

Подготовка:
Оризот добро измијте го и ставете го да се вари во малку вода околу 4-5 минути, водата да испари.
На масло пропржете ситно сечкан кромид па додајте морков. Кога сè малку ќе се издинста, додајте морски плодови, бело вино и сечкан лук и динстајте уште 15 минути. На крај додајте зачин, бибер, сол и сечкан магдонос.
Во така подготвените морски плодови додајте варен ориз и лесно измешајте, поклопете и оставете поклопено 10-15 минути за оризот да ги впие мирисите. Може да се користи како прилог или како главно јадење.

Поврзани

Најнови вести

Коментари