На нашите простори, палачинките одамна се синоним за брзо, евтино и вкусно уживање кое „трпи“ секакви додатоци – од шеќер, преку мелени јаткасти плодови, до домашен или купечки џем, крем…

Дополнителна предност на палачинките во однос на другите колачи е достапноста на материјалот за рецептот, почнувајќи од брашно, јајца, малку млеко, сол и шеќер, кои ги има во секој дом.

Иако не се премногу здрави, палачинките се омилено слатко за многу генерации.

Сепак, можно е да направите палачинки и во поздрава варијанта и да ги послужите и со слатки и со солени намази, во зависност од тоа какви палачинки преферирате.

Потребни состојки:
100 г овесни снегулки
100 г меко сирење
4 белки

Начин на приготвување: Овесните снегулки смелете ги, па измешајте ги со сирењето и изматените белки. По желба можете да додадете малку сол во смесата. Уште поедноставен начин е овесните снегулки, сирењето и белките да се стават во блендер и да се блендира додека не се соединат состојките.

Тавата премачкајте ја со маснотија, загрејте ја, па во неа истурете ја смесата за палачинки и испечете ги како класични. Вака подготвените палачинки може да се чуваат неколку дена.

Со оглед на тоа дека имаат неутрален вкус, можете да ги наполните со мед, џем или крем, но и со павлака, ајвар, шунка, свеж зеленчук и да ви бидат замена за утринскиот омлет.

На здравје!