Храната и пијалоците битно влијаат на мигрената

Од ова, ако претерате, ве боли глава

Главоболки и мигрена може да се појават поради голем број причини: може да бидат предизвикани од лекови, промени во ендокриниот систем како и недостаток на сон. Покрај овие и многу други фактори, како причина се јавува и погрешниот начин на исхрана, односно храната која ја внесуваме.

Според истражувањата, 10% од луѓето патат од главоболки и мигрена поради грешки во исхраната.

Следнава листа ќе ви помогне да дознаете која храна би можела да ви предизвика главоболки. Секако, тоа не значи дека треба целосно да престанете да ја употребувате, но добро е да знаете.

Храна на која треба да внимавате, особено ако сте склони кон главоболки:

Цитруси
Овие типови овошје содржат многу киселина која влијае на нивото на pH во крвта и ги зголемува шансите за главоболки.

Некои истражувања покажале дека околу 11% од луѓето со главоболки пријавиле дека цитрусното овошје е главниот виновник за тоа.

Ладна храна и пијалоци
Ако имате навика често да јадете сладолед или да пиете ладни пијалаци набрзина кога сте загреани од физичка активност или топла температура, може да добиете главоболка стимулирана од ладно, која трае до неколку минути.

Кофеин
Прекумерното консумирање на кофеин може да доведе до главоболки и затоа треба да го лимитирате внесот на кафе до 200-300 милиграми (2-3 шолји кафе). Имајте предвид дека кофеинот може да се состои и во други производи како чоколадо, какао, чај.

Алкохол
Многумина знаат дека црвеното вино може да предизвика главоболки, но истражувањата покажуваат дека другите алкохолни пи јалаци, како пиво, пенливо вино и други жестоки пијалаци може да направи главата да ви одѕвонува.

Постојат два типа на главоболки од алкохол – едната е типична, која почнува во наредните неколку часа од консумацијата, а другата е задоцнета, или мамурлак.

Адитиви – додатоци во исхрана
Хемикалиите кои се додаваат во храната најчесто немаат нутритивна вредност и може да имаат негативни ефекти на здравјето.

Тие често може да предизвиквуаат и главоболки, па обидувајте се да избегнувате храна која содржи адитиви.

Штетните додатоци најчесто ги има во конзервирана храна, преработено месо, газирани пијалаци, слатки, сладолед, бонбони, чипсови и многу други производи.

Најнови вести

Коментари