Ако сте несигурни заради неколкуте „дополнителни“ килограми, а немате мотив (или време) да одите во теретана, но сакате да ја „средите“ линијата за кратко време и во исто време да го забрзате вашиот метаболизам, можеби да ви помогне брзиот и едноставен трик кој во последните денови ги преплави мрежите.

Всушност, ТикТок со денови бруи за „магичен“ пијалак за кој ви се потребни само три состојки: вода, чиа семе и лимон. Со оглед на фактот дека хидратацијата е многу важна за време на топлите денови, оваа ставка е исто така исклучително важна доколку сакате да изгубите килограми.

Оние кои ја пробале ефикасната „чиа вода“ забележале промени по неколку дена, а најдобро од се е што овој напиток влијае на детоксикацијата на организмот, го регулира варењето и го забрзува метаболизмот.

Начин на приготвување:

Начинот на приготвување е едноставен, односно исцедете лимон во голема чаша вода и додадете две полни лажици чиа семе. Оставете ги да отстојат 5 до 10 минути, а потоа напитокот е готов за консумирање.

За најдобар ефект се советува да се консумира „чиа вода“ наутро. Инаку, овој трик е уште една потврда дека фасцинацијата со чиа семето не стивнува, што не е чудно ако се земе предвид дека тоа е храна богата со протеини и влакна, а брзо го смируваат гладот.

Исто така, содржат омега-3 масни киселини и алфа – линолеинска киселина, кои влијаат на побрзо топење на мастите и се одличен начин да ја доведете вашата линија во ред.