
- Печурките имаат многу малку калории. Само 20 калории на 100 грама (шампињоните 16, а вргањот 25 калории).
- Печурките го имаат петтиот, умами вкус.
- Содржат околу 5 проценти од препорачаниот дневен внес на витамин Д. Ниту едно друго овошје или зеленчук не го содржи овој витамин.
- Количината на антиоксиданси во печурките е речиси еднаква на онаа во брокулите или морковот.
- Ако просечен маж би ја заменил годишната порција на ќебапи со печурки, би заштедел 18 000 калории и речиси 3 килограми масти.
Коментари