Неодоливо вкусни: Џејми Оливер ја открива тајната за совршено испечени компири

Речиси и да не постои личност на светот која не сака печени компири, а еве како најдобро да ги припремите според најпознатиот готвач на светот – Џејми Оливер.

Џејми на својот YouTube канал објавил видео во кое прикажува неколку кулинарски трикови кои добро би ви дошле за полесна и повкусна припрема на празничната трпеза. Помеѓу останатото, тој го споделил и својот рецепт за совршено испечени компири.

Начин на подготовка:

Најпрво сварете ги компирите, а потоа ставете им малку путер и маслиново масло. Печете ги во рерна сè додека не добијат златна боја и не станат крцкави. Потоа, малку нагмечете ги со помош на кујнска алатка, но не премногу за да не се распаднат.

На врвот ставете неколку листови жалфија и печете уште десет минути. На крајот попрскајте ги компирите со оцет кога ќе ги извадите од рерната.

Погледнете го видеото:

Најнови вести

Коментари