Необични "полжавчиња"

Состојки

500 гр. кори
25 гр. квасец или ½ кесе пециво
4-5 лажици брашно
250 гр.млеко/вода
100 гр. масло
400 гр. сирење, спанаќ, мелено месо, компир....

Подготовка

Во млекото/водата ставете брашно квасец или пециво малку сол и масло. Добро размешајте ги да нема грутчиња брашно. Густината на да биде нешто погуста од смеса за палачинки. Оставете ја да отстои додека ги подгответе корите и филот за во корите.
Секоја кора премачкајте ја со смесата со четкичка. Долж ивицата на кората распоредете го филот со ситење, или сирење со спанаќ, мелемо месо, или ситно на коцки сецкани компори кој можете да го зачинете со зачин (вегета, бибер, коркума...)
Кората ја виткате во ролна, потоа во во круг, така што ќе изгледа како полжав, ја ставате во плех во која ќе се печат и останатите "полжавчиња". Плехот можете да го обложете со хартија за печење или едноставно подмачкајето со масло.
Се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Поврзани

Најнови вести

Коментари