logo
logo
logo

Необична пица! Еве што ви треба за овој одличен рецепт

Vecer | 31.08.2021

Необична пица! Еве што ви треба за овој одличен рецепт

Кога ќе ви остане стар леб, наместо да го фрлите, подгответе вкусен појадок за целото семејство. Рецептот е едноставен, и, веројатно, повеќето состојки веќе ги имате во кујната.

Потребни состојки:

8 кришки леб

100 г кашкавал

200 г шунка или печеница

оригано

8 лажици кечап

масло за подмачкување

Начин на приготвување: Изрендајте го кашкавалот. Лебот исечете го на кришки, па наредете ги во претходно намастена тава. Секое парче премачкајте го со кечап, потоа ставете шунка или печеница (по желба), потоа кашкавал и оригано. Ставете ја тавата во загреана рерна и печете на 180 степени 15 минути.

На здравје!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk