logo
logo
logo

НЕМА ЗА ШТО НЕ ПОМАГААТ: Еве зошто е важно да јадете УРМИ

Vecer | 15.04.2021

НЕМА ЗА ШТО НЕ ПОМАГААТ: Еве зошто е важно да јадете УРМИ

Ако јадете урми на празен стомак, тоа ќе ја регулира работата на цревата и ќе му го даде на организмот потребниот шеќер. Урмите имаат широк спектар на здравствени и хранливи вредности, па многумина тврдат дека тоа е најздравото овошје на планетата. Скоро и да нема болести во кои не можат да помогнат.

Чувство на ситост

Урмите се одличен извор на железо – На пациентите со анемија им се препорачува  да јадат што повеќе урми, бидејќи тие се одличен извор на железо. Околу 100 грама урми содржат околу 0,90 милиграми железо, што е околу 11 проценти од препорачаната дневна доза.

Ја регулираат телесната тежина - Поради големиот процент на хранливи материи, урмите предизвикуваат чувство на ситост кај луѓето и помагаат при слабеење. Ако јадете урми на празен стомак, тоа ќе ја регулира работата на цревата и ќе му го даде на организмот потребниот шеќер. Ннемаат холестерол, но имаат многу шеќер, па затоа би можеле да се здебелите од прекумерно внесување.

Природен лек

Го намалува холестеролот – Урмите имаат можност да го намалат нивото на LDL лош холестерол во организмот. Затоа ова е одлична храна за луѓе со висок холестерол, што предизвикува масни наслаги во артериите, што доведува до формирање на тромб и други срцеви заболувања.

Зајакнување на срцето - Луѓето со слабо срце можат да го користат ова неверојатно овошје. Во текот на ноќта, натопете ги урмите со семенки во вода. Наутро, извадете ги семенктие, сомелете ги заедно со водата во која стоеја преку ноќ. Се смета дека е здраво да се пие ова во текот на денот.

Го намалуваат крвниот притисок

Урмите се многу соодветна храна за луѓето кои страдаат од висок крвен притисок. Тие содржат многу малку натриум и се богати со калиум. Стандарден дел од пет или шест урми дава околу 80 милиграми магнезиум, неопходен минерал кој придонесува за проширување на крвните садови. Истражувањата покажуваат дека 370 милиграми магнезиум на ден можат да го намалат крвниот притисок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk