Некои намирници можат да се јадат и по истекот на рокот

Многумина од нас не сакаат да ризикуваат, обично, бидејќи не сме информирани. Па и онаа храна која можеме да ја искористиме завршува во ѓубре.

Житарици

Можно е житариците да изгубат од хранливоста и од вкусот, но се сигурни за јадење и тоа дури шест месеци по истекот на рокот на траење. Само чувајте ги херметички затворени. Слично е и со тестенините, оревкастите плодови и сл. Ако ги чувате неотпакувани и во неоштетено пакување можат да траат скоро бесконечно. По отворањето чувајтег и во добро затворени садови.

Грицки

Чипсот може да изгуби на хранливост, меѓутоа по истекот на рокот на трање сигурно може да се јаде. Трикот е во тоа што треба да се препржи во рерна (многу кратко) за да ја врати хранливоста. Истото важи и за крекерите.

Газирани сокови

Иако не се препорачуваат, ако сакате некогаш да ги испиете имајте на ум дека можете да ги употребувате по рокот – од 4 до 6 мсеци.

Путер

Со млечните производи нормално е дека треба да бидете внимателно, но путерот може да биде замрзнат и сочуван долго по истекот на рокот. Ако видите дека на рокот на траење му се ближи крајот, само замрзнете го до употреба. Потоа одмрзнете го и употребете го веднаш.

Чоколадо

Чоколадото може долго да трае, на неа може да се појават бели дамки по истекот на рокот. Меѓутоа, и тогаш е безбедно за јадење.

Млеко

Ниту млекото не морате да го фрлите по истекот на рокот. Ако не е згуснато и ако не мириса лошо можете да го пиете, или ако и тогаш не сте сигурно повторно сварете го, зашто на висока температура се уништуваат поголемиот број на бактерии.

Најнови вести

Коментари