logo
logo
logo

Не треба да ризикувате со нив: Колку долго печурките можат да останат во фрижидер без да се расипат?

Vecer | 30.07.2022

Не треба да ризикувате со нив: Колку долго печурките можат да останат во фрижидер без да се расипат?

Расипани печурки можат да бидат опасни по здравјето

Печурките спаѓаат во групата на многу чувствителни намирници кога станува збор за надворешно влијание врз нив.

Никогаш не треба да заборавите дека скапаните печурки можат да бидат многу опасни по вашето здравје и затоа треба да бидете многу внимателни.

Кај особено чувствителни личности, дури и печурките, кои се безопасни за повеќето, може да предизвикаат благо труење со повраќање и дијареа.

Печурките можат да останат во фрижидер само неколку дена и тоа само доколку се чуваат на правилен начин. Ставете ги во хартиена кеса, а потоа во поголема најлонска кеса која ќе ја пробиете на неколку места, за да има проток на воздух.

Пред да ги исецкате и ставите во фрижидер, не треба да ги миете, бидејќи така само ќе се забрза нивното расипување. Ладниот воздух ќе ја зачува свежината на печурките неколку дена, но не треба да ризикувате да ги чувате подолго од 2, максимум 3 дена.

Се препорачува да ги држите подалеку од намирници со интензивен мирис, бидејќи печурките кои имаат појака арома лесно ја впиваат. Ако има и најмал знак дека се расипани, се препорачува веднаш да ги фрлите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk