Највкусната чорба од печурки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 400 гр свежи печурки
* 1 јајце
* 1/3 шоља маслиново масло
* 2 лажици бело вино
* 2 лажици лук во прав
* 1 главица кромид
* зачини, сол, бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во длабок сад ставете на оган да се загрее маслото за јадење. Кога ќе се загрее ставете го ситно исецканиот кромид и пржете додека не порумени. Потоа додадете ги печурките исецкани на тенки ленти. По 1-2 мин пржење додадете го виното и водата, поклопете го садот и варете 20 минути. Потоа се додава крупно исецканиот кромид и зачинете по желба и се остава на оган уште 15 минути. Во друг сад настрана пенесто се мати јајцето со малку масло и сол. Се додава малку од течноста која се вареше и се промешува убаво. Така измешана, се става во садот со чорбата од печурки при тоа мешајќи постојано. Се поклопува, се трга од оган и се остава да отстои 10 минути.

Поврзани

Најнови вести

Коментари