Ова дефинитивно е најбрзиот и најевтин појадок.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 200 мл јогурт
  • парчиња бајат леб
  • малку масло

Начин на приготвување: Јајцата се матат, се додава јогуртот, се посолува малку, се додаваат 3 лажици масло и се се меша. Потопете ги кришките леб во подготвената смеса од едната и од другата страна. Покријте го плехот со хартија за печење и одозгора наредете го лебот. Печете на 220 степени околу 30 минути.

Со чаша јогурт уживајте во одличниот појадок. На здравје!