Нема ништо подобро од одмор по напорниот работен ден со вкусна чаша која ќе не окрепи. Во текот на летото таа потреба е уште поголема. Сепак, и кофеинот и алкохолот треба да се избегнуваат за време на многу високи температури. Сепак, тоа не значи дека треба целосно да се откажеме од вкусните пијалаци кои ќе не освежат.

Избравме два рецепти за пијалаци без алкохол, кои всушност се многу едноставни и би можеле да станат ваши омилени! Единствено што е потребно е чаша од која ќе се напиете вкусен безалкохолен коктел и неколку состојки. Рецептите се за четири порции, затоа слободно прилагодете го рецептот на саканите порции!

Мохито состојки:

  • 600 мл минерална вода
  • 10 листови свежо нане
  • 1 лажичка сируп од агаве или шеќер
  • 4 парчиња свежа лимета (можеби и повеќе)
  • 1 чаша искршен мраз или коцки мраз

Начин на приготвување: Ставете 10 листови нане на дното на бокал за сервирање со агаве или шеќер. Нежно притиснете го нането за да ја ослободи својата карактеристична арома. Половично наполнете го бокалот со мраз, а потоа прелијте го со минерална газирана вода. Додадете ги кришките лимета кои лесно ќе ги исцедите и сè измешајте. Почекајте малку и консумирајте!

 

Состојки за Пинаколада:

  • 2 чаши сок од ананас
  • ¾ чаша кокос крем (кокосово млеко)
  • 4 чаши мраз
  • коцки ананас за декорација
  • цреши за декорација

Начин на приготвување: Истурете ги сокот од ананас и кокосовиот крем во блендер. Додадете мраз. Блендирајте 30-60 секунди додека смесата не се изедначи. Поделете во чаши и украсете со парчиња ананас, цреши и чадорчиња за коктели пред послужување!